Македонија

Вечерва тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, има мртви

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на автопатот од Скопје кон Тетово.

Според информации на 4NEWS.mk има и жртви.

Како дошло до несреќата во моментов нема информации.

На терен се полиција и брза помош, а се врши и увид.

Во моментов се вози по влажни коловози, поради врнежите од дожд кои попладнево ја зафатија западна Македонија.

Веста за несреќата што се случи на автопатот Тетово-Скопје, кај селото Ласкарце, во која загина жител на Чегран, а тројца се повредени, го натера лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, да го прекине митинг со жителите на Чегран.

Фото: Архива

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни