Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 15 Охрид, 13 Тетово, 12 Дебар, П. Шапка, 11 Пожаране, 8 Маврово, Куманово, 4 Претор, Битола, Прилеп, Д. Капија, 3 Скопје – За. Рид, 2 Кр. Паланка, 1 Берово, Скопје – Петровец
Времето денес (24.10 2021 год.): Променливо облачно и свежо. Попладне и особено во северните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен до северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претпладне променливо облачно и ветровито, а попладне потивко и со доста сонце. T= 15 °C, P= 993 hPa, U= 46 %, V= 5 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Од утре ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои во вторник понекаде ќе се спуштат на некој степен под нулата. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.
