Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денес без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Томе Арсовски“, Општина Кисела Вода.
Во периодот од 09:10 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Кучково, село Волково лоцирани кај обиколницата, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од објектот на градинката на бул. „Илинден“ лоцирана позади тенискиот клуб АБЦ, како и објектот на „Флораком“, Општина Карпош.