Македонија

Ковачевски: Оваа недела договор за набавка на јаглен од Косово – од денеска ќе работат двата блока на РЕК Битола

Во текот на оваа недела се очекува да биде потпишан договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј и РЕК Битола, најави директорот на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски.

„Компаниите требад а си обезбедат енергија на отворениот пазар, тоа се стопанството и институциите. Ние неколку пати кажавме дека праввиме обид да се обезбеди јаглен за да се произведи повеќе енергија за да се задоволи отворенит пазар. Постапката е во тек, очекуваме во текот на оваа недела да потпишиме договор за 300 илјади тони за РЕК Осломеј и веќе од 1-ви ноември да започне испораката на јаглен. РЕК Осломеј треба да се вклучи од 15-ти или 20-ти ноември. Понудите за РЕК Осломеј се од Косово и тој е најоптимално за испорака“, изјави Ковачевски за ТВ24.

Тој додаде дека производството е стабилно и дека во моментов нема место за паника.

„Од денеска во РЕК Битола работат два блока, ние потребите на ЕВН Хоме ги задоволуваме 94%, тоа значи дека од денеска ќе биде 100%, а понатаму ќе имаме и вишок кои ќе ги продаваме на отворениот пазар“, изјави Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни