Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Македонија е 6.187, додека е зголемен во однос на минатата недела.
Според епидемиолошките анализи во моментов, половина од активните случаи се во Скопје (3.190). Додека голем број заболени има во Куманово (446), Велес (309) и Прилеп (245).
Троцифрени броеви имаат и Штип (198), Кавадарци и Охрид со 190, Кочани (151), Струмица (143), Тетово (104), Крива Паланка (111).
Вкупниот број на заболени од Ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата е 199.901, излечени 186.652, бројот на починати 7.062.
Вчера се регистрирани 135 нови случаи, односно 9 отсто од тестираните.
Досега во земјава се направени вкупно 1.366.002 тестови за Ковид-19.