Македонија

Заев: Ако го изгубиме Скопје ќе се повлечам, но Владата ќе ја води СДСМ

Премиерот на државата Зоран Заев на ТВ Сител изјави дека во случај градот Скопје да го добие кандидатот на опозицијата Данела Арсовска „не може да ја води Владата“, бидејќи според него локалната власт во тој случај ќе попречуваат политиките на владата централно. Заев понатаму додаде дека тоа не значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат автоматски.

„Се борев против режимот, донесов силни одлуки. Сепак, потребна е поддршка од граѓаните. Не можете да имате општини кои носат национализам. Отворено го кажав, веќе не може да се води на тој начин. Парламентарното мнозинство е стабилно. Верувам дека ќе имаме уште повеќе“, рече Заев.

На прашањето дали Заев ќе поднесе оставка, а некој друг од СДСМ ќе ја води премиерската функција Заев рече:

Но, Владата предводена од СДСМ со своите партнери, плус зајакнато мнозинство, останува влада предводена од СДСМ“, додаде Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни