Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ ги презентираше резултатите од анализата направена во врска со тоа колку државата инвестира во образованието, здравството и социјалната заштита на децата. Главната цел на истражувањето според нив е да се поттикне економско размислување за подобра благосостјба на децата во иднина. Велат дека се задоволни од зголемените инвестиии во децата.
„Резултатите покажуваат дека во периодот од 2010 до 2018 година инвестициите во децата растат. Меѓутоа доколку се земе во предвид растот на економијата овие инвестиции не го следеле растот на економијата. Меѓутоа клучниот заклучок е тоа дека зголемените инвестиции во децата покажуваат позитивни резултати“, вели Благица Петревски.
Министерот Венко Филипче, изјави дека подготвиле програми со цел заштита на здравјето на децата. Како мерка тој ги спомна вакцините за деца, инсулините и пумпите за децата со диабет.Тој рече дека ваквите инвестиции се почетна база за креирање на здрава иднина за децата.
„Инвестиравме огромна сума во имунизација, во нови вакцини, што сметам дека е еден од столобвите за креирање на здрава иднина. Инвестиравме и во знаење меѓутоа и во опрема значајна сума на средства на Гинеколошката Клиника во Скопје со што сериозно се намали процентот на смртноста кај новороденчињата“, вели Венко Филипче – Министер за здравство.
Министерката за труд и социјална политика, рече дека оваа анализа е добра основа за креирање на политиките во нашата држава. Министерката кажа дека веќе е подготвен нов закон за социјална заштита. Според неа системот досега не ги дал очекуваните ефекти, бидејќи буџетот за социјална заштита на Министерството не функционирал на пропорционален начин.
„Системот не ги давал ефектите кои што се потребни, бидејќи во буџетот за социјална зашита и министерството имате трансфери кои што одат кон пензискиот фонд кои што се огромни, и дополнително имаше неусловени трансфери, како мерката “Трето Дете“ каде огромна сума на финансиски средства се трошеше во нешто што не е поврзано со материјалната состојба на семејството и со тоа се исрпува буџетот а не дава ефект за намалување на сиромаштијата или збогатувањето на децата и давање еднаква шанса на сите деца и семејства во нашата дражва“, вели Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика.
Преставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс го поздрави истражувањето и рече дека се надева истатото да биде поттик за подобрување на животот и иднината на децата.
„Потребни ни се програми кои ќе им помогнат на децата да се развиваат од мали години да прераснат во образовни личности кои ќе придонесуваат за економијата. Токму затоа сите овие реформи кои се случуваат денеска со промените на законот за социјална заштита за подобрување на детските права, се во насока на подобрување на условите за развој на децата со што тие би придонеле за подобро општество“, вели Бенџамин Перкс – претставник на Уницеф.
Главните точки на ова истражување е да се овозможи здравствено осигурување за сите деца, да се зголеми процентот на јавни трошоци во однос на целото население, и да се подигне националниот приоритет на детската здравствена заштита. Во 2017 година, Владата инвестирала 65 милион евра за здравството за децата.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ