Времето денес (29.10.2021 год.): Во претпладневните часови по одделни котлини со појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со слаб ветер од јужен правец. T= 17 °C, P= 987 hPa, U= 48 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
НАЈАВА: До понеделник ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник.
