Македонија

САД го опремуваат МВР, половина милион долари за автомобили и опрема

МВР доби донација од Владата на Соединетите американски држави. Две комби возила за детекција на радијација, патролен чамец, теренско возило за полициската единица за службени кучиња и еден уред за обработка податоци. Нивната вредност е  половина милион американски долари, а ќе помагаат во засилувањето на граничната безбедност.

„Патролниот чамец, теренските возила ќе се користат од единицата за службени кучиња на полицијата, а опремата за обработка на податоци ќе го зголеми капацитетот на граничната полиција за граничен надзор, патроли и превентивни операции. Како што знаеме, безбедна граница има фундаментално значење за државата и регионот“, вели Џес Бејли – Амбасадор на САД во Македонија.

Преку техничката поддршка и преку професионална обука на граничните полицајци на Македонија, Министерот за внатрешни работи, Спасовски рече дека Владата на САД се докажа како силен партнер за гранична безбедност на земјава.

Спасовски спомна дека од 2004 година, кога во Македонија започна концептот за интегрирано гранично менаџирање, владата на САД ја поддржа земјава со илјадници донации, а американскиот амбасадор беше поконкретен, спомнувајќи дека во овие 17 години на Македонија и подариле околу 9 милиони евра како опрема и професионална обука.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни