Вториот круг од локалните избори во 2021 година ќе се одржи утре (недела). Денеска, ден пред утрешните избори, ќе гласаат лицата кои се во куќен карантин поради позитивен тест за Ковид-19 и оние на кои им е одредена мерка самоизолација и инвалиди или болни лица, пренесува 4NEWS.mk. Тие ќе гласаат во своите домови, а гласањето ќе го врши посебен изборен совет формиран од ДИК.
На еден ден пред избори гласаат лицата кои издржуваат затворска казна или се во притвор, кои гласаат во затворите. Лицата во куќен притвор ќе гласаат во местото каде што ја трпат мерката, внатрешно раселените гласаат во колективните домови и прифатните центри каде што се сместени. Еден ден пред денот на изборите гласаат и лицата кои се сместени во посебни установи за згрижување надвор од семејството. Тие ќе гласаат во институцијата каде што се сместени.
Во недела, на денот на изборите (втор круг) гласањето ќе започне во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот.