Македонија

Со возилото удрил во ограда од куќа – едно лице повредено

На 31.10.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ и ул.„Тиранска“, патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(34) од с.Визбегово-скопско, удрило во ограда од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни