Македонија

Филипче најавува нови рестриктивни мерки од следната недела!

Филипче како една од опциите го спомена и проширувањето на, како што вели, критериумот за влез и за други места и настани.

Министерот за здравство Венко Филипче најавува нови рестриктивни мерки за невакцинираните лица. Филипче вели дека истите ќе се однесуваат на невакцинираните лица.

„Во текот на следнава недела ќе дискутираме и за други евентуално дополнителни рестриктивни мерки кои што прво ќе се однесуваат на невакцинираните граѓани, имајќи во предвид дека сега најголем терет во болничкиот систем се невакцинираните пациенти или да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени вакцини, односно целосна имунизација и за други места, настани“, вели Филипче во изјава за Канал 5.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни