Македонија

Умерено облачно – температурите до 16 степени

Претпладне умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, преку денот со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни