„Воздухот надвор е отров, каков што е деновиве и каков што ни претстои повторно цела зимска сезона. Децении не се реши овој проблем и не. За ова пари и луѓе кои ќе го решат не се најдоа, само празни флоскули како воздухов не се решавал преку ноќ. А бе генерации остареа со отровов, кој црн преку ноќ. Сега уште и катастрофава со струја што ни ја приредивте, луѓево пак на дрва ги вративте да се греаат, шумите да се доисечат, а инвенторите за украс. Планот за чист воздух како беше? Срамота.“ напишаа од О2 на социјалните мрежи.
Последните неколку денови, вклучувајќи и вечерва, индексот на загаденост на воздухот е неколкукратно повисок од дозволеното, не само во главниот град туку и низ цела држава..