Македонија

Касами: Оваа Влада мора да падне

Првиот човек на Движењето БЕСА Биљал Касами вели дека неговата партија не е дел од Владата. Тој во гостувањето на ТВ 21 рече дека оваа Влада мора да падне.

-Другите пратеници на Беса ќе гласаат за рушење на оваа Влада. Актуелното владино мнозинство нема 61 пратеник. Пратениците на Беса имаат притисоци од режимот. И Кастриот Реџепи има притисок. Тоа ќе го докажеме кога ќе падне овој режим, вели Касами.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни