Македонија

Со Заев од СДСМ заминува и Љупчо Николовски

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вечерва во „21Анализа“ потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на Зоран Заев, дека и тој заминува од функцијата во партијата.

Тој кажа дека функциите во моментов се најмала грижа, туку дека се работи на зголемување на мнозинството.

„Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот, и да не се вратиме во време на страв и на реваншизам против кое се боревме“, рече Николовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни