Македонија

Заев вторник поднесува оставка во СДСМ, најави самиот тој – ќе поднесе овојпат?

Заев ја најави својата оставка од лидерската партиска позиција за во вторник.

„Зборот е збор и треба да се одржува. Во демократијата се поднесува одговорност кога ќе изгубите и јас ја преземам одговорноста и сакам да оставам шанса на сите наши прогресивни граѓани. Не е лесно да се биде прогресивен, тоа значи да гледаш малку подалеку, да не калкулираш поради политички рејтинг и политичка фотелја. Убеден сум дека сум оставил свои впечатоци, но носам и горчина со мене затоа што не можам да сфатам како Карпош, најинформиран, најупатен, еден дел од највисоката интелигенција на земјава, вака да одлучи. Значи почит спрема секој, но не можам да ги сфатам работите и за Град Скопје, кога ја имате лагата апсолутно споделена и како тоа никому не му е значајно“, рече Заев додавајќи дека доцниме 30 години од неносење на политички одлуки во минатото и од политички калкулации.

Следнава недела премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши повторно ќе разговараат за тоа дали опозициската партија ќе стане дел од владиното мнозинство. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни