Македонија

Филипче по посетата на преживеаните во страшната несреќа: Сите се во стабилна здравствена состојба

Министерот за здравство Венко Филипче денеска пред болницата „Пирогов“ истакна дека ги посетиле лицата кои преживеале во страшната несреќа, а упати и благодарност за брзата интервенција.

„Сите се во стабилна здравствена состојба. Станува збор за полесни повреди“, посочи Филипче.

Тој додава дека има само еден пациент кој имал скршеница, а дополтелните анализи ќе покажат дали е потребен интервентен зафат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни