Македонија

Страшна несреќа во Бугарија, роднините немаат информации за состојбата на патниците

Неколкумина полицајци го обезбедуваат седиштето на туристичката агенција „Беса Транс“ што се наоѓа во близина на Старата чаршија во Скопје.

Пред агенцијата се собраа граѓани, роднини на дел од патниците кои се превезувале во некои од останатите автобуси на „Беса транс“, чекајќи подетални информации за нивната состојба.

Еден од присутните, Џељал Бакиу вели дека се уште немаат информации за состојбата на патниците од трагичната несреќа.

Тој пред седиштето на агенцијата истакна дека информацијата ја видел на Фејсбук и засега нема информации за неговиот 41-годишен братучед, кој во четвртокот отпатувал за Турција.

„Немаме никаква информација, дури не се ни јавуваат. Ова не е добро“, вели тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни