Македонија

Спасовски: Последниот технички преглед на автобусот е направен на 5 октомври годинава

Остануваме заедно со семјствата, а институциите се тука да обезбедат помош според потребите. Враќањето на жртвите на земјата ќе бидат на товар на државата. Тим на МВР од крим техниката и сообраќајната полиција тргна за Бугарија и се стави на помош на тамошната полиција. Во Бугарија пристигнаа уште неколку служби кои ја понудаа експертската помош, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додава дека според првичните информации во автобусот имало двајца возачи.

-Очекувам брза и сеопфатна истрага и верувам дека со заедничка соработка ќе имаме одговор за сите нејаснотии на оваа трагедија и ќе имаме ефикасност во утврдување на одговорноста. Последната извршена проверка на техничка исправност на автобусот е направена на 5 октомври оваа година.  Нашите првични информации се дека имало двајца возачи во автобусот, рече Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни