Претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно, претпладне со слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.