Македонија

Османи за ТВ21: Ги посетив пациентите, во добра состојба се

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги посети пациентите кои беа повредени во трагичната несреќа на автопатот Струма во Бугарија.

По посетата, во интервју за ТВ21 пред болницата во која се сместени пациентите, Османи истакна дека се во добра здравствена состојба.

Според предупредувањата што ги добил од болницата, првите двајца пациенти може да бидат пуштени во петок на домашно лекување.

Османи препорачал и нивно префрлање во скопските болници, како преодна фаза, но лекарите го советуваве истите да останат во болницата каде што се во моментот.

„Тие се во добра здравствена и стабилна состојба. Предупредувања, проценките на лекарите се дека можеби првите двајца пациенти, некаде околу петок би можеле да бидат пуштени на домашно лекување. Но, и тука се поставува прашањето дали има некој што би ги лекувал во домашно лекување. Се понудив да бидат префрлени во болниците во Скопје, како преодна фаза, но тоа ќе биде нивна стручна проценка, но можам да констатирам дека здравствената состојба е добра“, рече Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни