Наставникот Метуш Мемеди, кој предава во ОУ „Исмаил Ќемали“ веќе 12 години, денеска пред маршот на учениците истакна дека загубата на 5 ученици од ова училиште за него е еден од најтешките настани.
„Меѓу 45-те загинати имаме и 5 ученици од нашето училиште „Исмаил Ќемали“. Ова многу не вознемири. За нас тоа е голема трагедија. Денеска сме тука наставници и ученици, но наставата помина малку тешко. Господ да ги помилува. 2 ученика од 9-то одделение, еден ученик во 8-мо, ученик 6-то одделение и мало девојче кое беше второ одделение“, рече наставникот Мемеди.
Тој додава дека пред да започне маршот, ги посетиле роднините на починатите ученици.
„Пред еден час бевме кај семејството со неколку ученици и професори. Се сретнавме со нив. Побаравме дозвола од нив и прифатија. Од семејството за кое зборувам, семејството Јахи, загинаа 10 лица, од кои 8 се деца и две мајки. Тоа е голема трагедија, посебно за нас како наставници, учениците се вознемирени“, вели Мемеди.
Денеска студентите маршираат во знак на сеќавање на своите пријатели. Наставниците се со нив. Маршот ќе заврши на плоштадот „Скендербег“.