„За прв пат ми се случува…Многу катастрофи сум видел, но за прв пат ми се случува да видам 45 изгорени тела. Сега според мене причината за овој инцидент, за оваа катастрофа…Прво е човечка грешка“.
Ова го изјави Васко Пиргов, секретар за безбедност во Перник и еден од сведоците на несреќата, односно еден од оние кои први пристигнале на местото на несреќата.
Пред него биле само пожарникарите и полицијата.
Како што вели за Тв21 дизел горивото се загрева, но не се пали, тоа е многу тешко запаллива течност.