Државното јавно обвинителство на Република Бугарија денес на прес конференција истакна дека загинатите во страшната сообраќајна несреќа починале од задушување.
Заменик главниот обвинител, Борислав Сарафов вели дека во нивните бели дробови се утврдени траги од дим.
Тој додаде дека досега се испрашани двајца сведоци, односно патници во автобусот којшто биле будни во моментот на несреќата.
Несреќата се случи во вторникот на автопатот „Струма“ кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул се запали. Во тек е истрагата на истражните органи и идентификација на жртвите која се очекува да заврши за седум дена.