Свет

Во земјотресот во Перу повредени четири лица – уништени се стотици куќи

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди градот Баранка во западниот дел на Перу.

Во соопштението на Националниот центар за вонредни операции (COEN) се наведува дека четири лица се повредени во земјотресот.

Оштетени се седум цркви, три здравствени установи и 220 куќи, од кои 75 се целосно уништени.

Од таму додаваат дека 867 луѓе останаа без покрив над главата, а се најавува и дека операциите за пребарување и спасување ќе продолжат.

Перу, една од земјите со најголема сеизмичка активност во светот, се наоѓа во Пацифичкиот појас, познат и како „Огнен прстен“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни