Познатиот магазин „Тајм аут“ оваа година ги избра 49-те најинтересни и „најкул“ градски области во светот, врз основа на истражување во кое учествуваа речиси 30.000 светски патници. Копенхаген е избран за „најкул“ град во светот.
Копенхаген е познат како космополитски град, а една од неговите населби е особено интересна за туристите и патниците.
Норебро е мултикултурна данска област на северната страна на езерото во Копенхаген, и беше прогласена за „најкул“ градска област во светот во 2021 година.
Норебро се карактеризира со извонредна комбинација на историја и урбана култура, неверојатна архитектура и начин на живот.
Копенхаген е град со врвна гастрономска сцена, а многу познати ресторани и барови се наоѓаат токму во оваа населба.
Покрај тоа, животот овде е прилично слободен и релаксиран, Норебро е место каде што сакаат да се собираат сите, уметници, туристи, локални жители и деловни луѓе.
Списанието „Тајм аут“ препорачува денот да го започнете со кафе и колачи, а потоа да се прошетате низ соседството за да ја запознаете културата на мештаните, односно нивните навики.
Ако сакате да купувате некои од врвните локални производи, без разлика дали се работи за облека или козметика, тука е познатата шопинг улица Jægersborgade.
Всушност, сè што правите во Копенхаген е прилично кул, само имајте на ум дека е прилично кул и прилично скапо.