Македонија

Убава вест: Над 200 илјади ковид-оздравени лица во нашата земја од почетокот на епидемијата

Вкупната бројка на оздравени ковид пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.669.

Министерството за здравство денеска информираше дека во последниве 24 часа регистрирани се 376 оздравени пациенти од:

Скопје – 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово – по 12, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Тетово и Струмица – по 7, Делчево – 6, Кичево, Кратово и Богданци – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Охрид, Валандово и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328.

Бројот на починати е 7.609, додека пак бројот на активни случаи изнесува 8.050.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни