Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни (и над 20 л/м2).
Поради спуштање на постудена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и понекаде на повисоките места.
Минимална температура од 3°C до 8°C, додека пак максимална температура ќе се движи од 7°C до 13°C.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.