Македонија

„Алтернатива“ одлучи: Ќе ѝ се приклучи на Владата

Oрхан Муртезани, портпаролот на партијата „Алтернатива“ на вечерашната прес конференција соопшти дека партијата ќе се приклучи на актуелното парламентарното мнозинство и Владата.

Ова е одлуката од состанокот на Централниот совет на Алтернатива, донесена по три средби на претседателон на„Алтернатива“, Африм Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници.

Муртезани информираше дека сите договорени точки утре официјално ќе се потпишат од двата претседатели на партијата Заев и Гаши.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни