Во четврток на Аеродромот во Скопје и во воздушниот простор над главниот град ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.
За време на оваа активност јавноста ќе може да се запознае и да посведочи на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознае со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.
Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.