Mинистерството за здравство информираше дека во последните 24 часа од направени 2.744 тестирања, регистрирани се 375 нови случаи.
Регистрирани се и 507 оздравени пациенти, и 9 починати лица.
- 3 починати лица од Скопје (87г, 78г и 62г)
- Едно починато лице од Кавадарци (60г)
- Едно починато лице од Струга (83г)
- Едно починато лице од Струмица (72г)
- Едно починато лице од Кочани (59г)
- Едно починато лице од Штип (73г)
- Едно починато лице од Свети Николе (86г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.