Кандидатката за претседателка на СДСМ, Фросина Ременски гласаше на вонредните внатрепартиски избори на СДСМ во општина Ѓорче Петров.

За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.