Македонија

Со возило удрил во 33-годишен пешак во Прилеп и избегал

На 11.12.2021 во времето од 14.30 часот до 17.30 часот во Прилеп на крстосницата од ул.Петар Ацев и ул.Партизанска извршен е увид поради случена сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген голф“, кое по несреќата напуштило лице место, удирило во пешакот А.Т.(33) од с.Заполжани кој по незгодата бил пренесен во општа болница Прилеп каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни