Македонија

Деспотовски гласаше на вонредните внатрепартиски избори на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски гласаше на вонредните внатрепартиски избори на СДСМ во општина Карпош.

За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни