Македонија

До 14.00 часот, гласале 27.248 членови на СДСМ, односно 47% проценти од активно регистрираните членови

Гласањето на вонредните избори за претседател на СДСМ на сите 194 гласачки места се одвива непречено, без застои во мирна и демократска атмосфера, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Според последните информации од Централната изборна комисија, до 14.00 часот, гласале 27.248 членови на СДСМ, односно 47% проценти од активно регистрираните членови.

Гласањето трае до 19 часот. По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци, вечерва Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги соопшти резултатите за вонредните внатрепартиски избори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни