Македонија

Без струја денеска неколку скопски општини

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска без струја ќе бидат неколку скопски општини.

Прекин на електричната енергија од 08:30 до 15:30 часот ќе имаат корисниците од булевар „АСНОМ“, згради бр. 44, 48, 50 и 54, во општина Аеродром.

Во период од 09:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од објектите на патот од мостот на Маркова Река кон селото Батинци во општина Студеничани.

Од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Пагаруша во општина Студеничани.

Во период од 12:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улица „Благоја Стефковски“, од потегот на улица „Никола Киров Мајски“ до улица „Париска Комуна“ во општина Гази Баба. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни