Променливо облачно и студено. Наутро на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со умерен до засилен северозападен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.
Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.