Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 1 до 8 степени.
Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени
Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во петок и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.