Македонија

Арсовска го стопираше тендерот за автобуско метро во Скопје распишан од Шилегов и ЕБОР

Стопиран е тендерот за автобуско метро во Скопје или БРТ (Брз рапит транзит), претходно објавен на страната на Европска банка за развој и обнова.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, уште кога ја зеде фунцкијата најави укинување на проектот, а сега и официјално го стори тоа.

„БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, велат од Град Скопје.

Првата претквалификациона фаза на меѓународниот тендер траеше до 14 декември.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни