Лицата над 65 години, хронично болните, бремените жени, здравствените работници и децата на возраст од шест месеци до пет години можат да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку интернет-страницата vakcinacija.mk.
Заинтересираните граѓани треба да ја пополнат електронската форма достапна на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu.
Со пополнувањето на формуларот, пријавувањето се евидентира директно во системот „Мој термин“. Потоа, согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, граѓаните ќе добијат СМС-порака со точниот датум и час за вакцинација, на пунктот што го избрале при регистрацијата.
Вакцинацијата против сезонски грип е особено важна за лицата кои имаат поголем ризик од развој на потешка клиничка слика и компликации. Таа се смета за најефикасна мерка за превенција, бидејќи го намалува ризикот од тешки форми на болеста и смртен исход, особено кај ризичните групи.