Македонија

Гаши: Ако пратениците одлучат ќе одиме на избори

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши смета дека добро е што има средби меѓу лидерите на партиите во Собранието, откако таму се сретнаа претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

-Треба почесто да има средби меѓу претседателите на сите политички партии, рече Гаши.

Вели дека легитимно е доколку Собранието се распушти да се оди на предвремени парламентарни избори.

-Легитимно е. Во демократски систем живееме, ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори, ако се распушти Собранието, нормално дека ќе одима на избори, рече Гаши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни