Македонија

Тетово: Тешко повреден малолетен пешак откако во него удрило возило

Околу 12:45 часот, на улицата „Железничка“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот С.И. од тетовска Голема Речица, удрило во малолетен пешак и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни