Следната средба на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе биде во февруари 2022 година, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама, пишува ТВ21.
Ова ќе биде прва средба по добивањето на нова Влада во Македонија.
На денешната средба во Тирана, беа потпишани неколку договори со кои се олеснува увозот и извозот на добрата и стоките во регионот.
За премиерот Зоран Заев ова е последна активност како премиер на РСМ.