Македонија

СДСМ: Беспредметно е оваа Влада да одговара на пратенички прашања

ВМРО-ДПМНЕ може да учи што е демократија, отчетност и транспарентност на институциите, да учи за тоа што е одговорност и како им се служи на граѓаните – велат од СДСМ во писмено соопштение.

„Оставката на премиерот Зоран Заев а со тоа и на целата Влада е врвен чин на одговорност, на демократска зрелост, нешто што е непознато за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, со инсистирање на одржување на седница посветена на пратенички прашања повторно се обидува да ја одолговлекува работата на парламентот и да го одложи носењето на законите, кои подолго време чекаат на дневен ред.

Беспредметно е одржување на седница за пратенички прашања во услови кога целата Влада е во оставка и работи само на техничко ниво.

ВМРО-ДПМНЕ си поигрува со интелигенцијата на граѓаните кои ги обезбедуваат нивните плати и ги покриваат нивните трошоци и бара одговори на пратенички прашања од министри во оставка.

Наместо нецелисходно да го троши времето за работа на парламентот и парите на граѓаните, опозицијата треба да овозможи Собранието да работи без блокади и одолговлекувања во интерес на граѓаните.“ – велат од СДСМ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни