Македонија

Родова еднаквост во јавните претпријатија

“Молчењето на другите жени при напад на жена е поголема казна отколку нападите. Во време на социјални медиуми кога некој може за 10 минути да уништи една жена, промената мора да започне најпрво од секоја од нас. Како претседателка на Комисија за еднакви можности и Претседателка на Советот на општина Битола, со задоволство можам да објавам дека во новиот буџет ставката за родова еднаквост од 500.000 е зголемена на 2 милиони и 50 илјади денари. Можеби најголемата новина е тоа дека планираме да ги задолжиме сите јавни претпријатија да назначат лице за родова еднаквост.” – изјави Габриела Илиевска на денешната конференција “Родово сензитивни локални самоуправи”, која се одржа во рамки на Годишната конференција за децентрализација и локално управување.

Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска од Поинаку, на конститутивната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, беше избрана за член на Надзорниот одбор и член на Комитетот на советите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни