Лицето да не било пратеник, член на Влада, донатор на партија или не вршело функција во орган на политичка партија е еден од условите за избор, именување и разрешување на Претседателот и членовите на новата Антикорупциска комисија. Со цел формирање на непартизирана и профисионална антикорупциска комисија изготвен е нов предлог закон протов судир на интереси и корупција без политички влијанија кој е усвоен од Владата и е во Собраниска процедура. Во ова би се заштитил јавниот интерес или граѓаните би биле сигурни дека даноците што ги плаќаат ќе бидат најдобро искористени од страна на оние кои имаат право за тие сретсва да одлучуваат.
„Бескомпромисната борба против корупцијата има резултати единствено кога судството и обвинителството се целосно ослободени од било каков притисок и влијание на центрите на моќ“, вели Роберт Поповски – Министер за комуникација, отчетност и транспарентност.
Со регулиран систем и разграничување на тоа што е конфликт на интереси, што е конфликт на улоги, корупција и како да се спречи, може да се надмине корупцијата. Треба да се спречи под политички чадор да се прават компании и бизниси кои прават двојна штета на економијата. Прво создаваат нелојална конкуренција и втора и долгорочна кога политичкиот чадор ќе се тргне, престануваат да работат, а на компаниите кои им создавале нелојална конкуренција не им дозволувале да се развијат и оставаат пустош- истакна министерот Анѓушев.
„Јас како претставник на Владата имав обврска да дадам анкетен лист. Мислам дека тоа го направив најтранспарентно, во детали опишав што работам, каков имот поседувам, каде имам удели, воглавно беа удели во компаниите што ги поседувам, вредностите“, вели Кочо Анѓушев – вицепремиер на Р.М
За претседателот на Стопанска комора корупцијата е во Управните одбори на јавните претпријатија во кои сите сакаат да бидат за да бидат поткупени. Според него само неутрален во државава може да биде гонет, бидејќи сите останати криминалци ќе имаат изговор дека се обвинети на политичка основа.
„После 30 години конфликт на интереси, кој конфликт на интереси? Рамбо Амадеус го има разрешено тоа прашање. Го знаете пејачот. Тој вели дигнете го стандардот од 400 на 500 евра плата и нема да има ниту корупција, ниту проблеми. Значи ние разговарме за нешто да ја избегнеме реалноста која постои долу“, додава Бранко Азески – претседател на ССК.
Се уште не разликуваме државен и јавен капитал. Се уште се криеме позади колективните права. Со овој стандард тешко ќе се надминине на корупцијата. Потребни се радикални промени – порача Азески.
РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА