Македонија

Земјоделци, проверете ги сметките! Државата исплати 750 милиони во вид на помош

На 50 млади луѓе од сите региони на државата им беа доделени договори за финансиска поддршка во форма на грантови за започнување со земјоделска дејност. Од нив, 22 се жени.

Овие млади лица ќе имаат можност да ги спроведат деловните планови со кои аплицирале на јавниот повик и да инвестираат во опрема за преработка, пост- бербени активности и земјоделска механизација.

На сметките на околу 6.500 млекопроизводители се исплатени над 220.000.000 денари како дополнителни плаќања од 3.5 денари / литар за предадено кравјо млеко, односно 4.5 денари / литар за предадено овчо и козјо млеко.

На сметките на 7689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.

8.5 милиони денари се исплатени на сметките на сите живинари кои имаат пријавено бројлери во кланични капацитети за периодот од мај 2019 – септември 2020 година.

Исплатена е поддршката за саден и семенски материјал и тоа – 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал.

27.2 милиони денари се исплатени за субјектите кои пријавиле дека имаат одгледани и продадени амортизирани несилки.

На 7674 фармери и пчелари кои ги зголемиле своите основни стада, односно пчелни семејства се исплатени 39 милиони денари.

Сточарите кои задржале женско јаре / јагне се исплатени во износ од 1.6 милиони денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни