Социјал-демократите вечерва со новиот лидер Димитар Ковачевски избираат партиско раководство.
Според информации на 4NEWS.mk вечерва ќе бидат избрани четири потпретседатели:
- Фатмир Битиќи
- Перо Костадинов
- Стефан Богоев
- Бисера Костадиновска
Вечерва оставка од функцијата генерален-секретар на партијата поднесе Љупчо Николовски, на негово место вечерва треба да биде изгласан Миле Зеќевич.
Како членови во партиските тела ќе бидат избрани и Андреј Петров и Леонид Наков.