Македонија

Владата ќе ја одржи 130. седница

Владата денеска на пладне ќе ја одржи 130-та седница. На дневниот ред е предвидено да се најде информацијата со Предлог-одлука за прераспределба на средства од Буџетот за Стратешки зелен инвестициски фонд, како и информација за спроведување на ИПА проектот „Подготовка на стратешки мапи за бучава и акциски планови со програма со мерки“.

На оваа седница, како што соопшти владината прес-служба, ќе се расправа и по информацијата за Предлог-стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024.

За заклучоците од седницата, Владата ќе информира со соопштение веднаш штом таа ќе биде завршена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни